Прејди на содржината

Псевдоним

Од Википедија — слободната енциклопедија

Псевдоним е фиктивно име што се користи од страна на лице, а понекогаш и група.

Псевдонимите често се користат да се сокрие вистински идентитет на поединецот, како што е случај со имињата на доста од писателите, графити-уметниците, борците на отпорот или терористите (воено име) и компјутерски хакери. Глумците, музичарите, и другите изведувачи понекогаш користат поинакви сценски имиња, честопати да го скријат своето етничко потекло или за поголема популарност. Честопати псевдонимот е најдобрата слика на поединецот и истиот го опишува.

Терминот потекнува од грчкиот збор ψευδώνυμον (pseudṓnymon), буквално "лажно име", од ψεῦδος (pseûdos), "лага" и ὄνομα (ónoma), "име". Псевдонимот е различен од алонимот, кое е име на друга вистинска личност.

Криење на идентитетот

[уреди | уреди извор]

Псевдоними во книжевноста

[уреди | уреди извор]
Жорж Санд

Еден познат пример за ова е Семјуел Клеменс чиј псевдоним е Марк Твен. Псевдоним се користел и кога вистинското име на авторот може да биде помешано со некој друг автор со истото име или со некоја друга позната личност. Автори кои пишуваат во различни жанрови, може да користат псевдоними за да се избегне конфузија кај нивните читатели, како во случајот на математичарот Чарлс Догстон, кој го напишал романите под псевдонимот Луис Керол. Некои автори, како што е Харолд Робинс, користат неколку псевдоними.[1]

Сестрите Бронте за своите првични дела користеле псевдоними затоа што ги користеле своите соседи како инспирација за ликовите во нивните книги. Ен Бронте својата романи Станарката на замокот Вајлдфел ја објавила под псевдонимот Ектон Бел. Шарлот Бронте ги објавила Вилет и Џејн Ер под псевдонимот Карер Бел. Емили Бронте за Оркански висови го користела псевдонимот Елис Бел.

Некои женски автори користеле машки имиња, особено во 19 век, кога пишувањето било доминантно машка професија. Обратниот пример е кога некои машки автори користат женски имиња. Добро познат пример за тоа е Мери Ен Еванс, која пишувала како Џорџ Елиот. Друг пример е Амандин Орор Лисил Дипен, позната како Жорж Санд. Џејн Остин го користела псевдонимот "Лејди" итн.

Еден познат случај во француската литература е Ромен Гари. Веќе добро познат и високо реномиран писател, почнал да објавува книги под името Емил Ажар. Сакал да види дали неговите нови книги ќе бидат добро прифатени, и без помошта на неговата репутација (И биле).

Псевдоними во македонската книжевност

[уреди | уреди извор]

Во македонската наука свои прилози со и за дешифрирање на одредени псевдоними прв изнел Харалампие Поленаковиќ, а потоа на одредени текстови потпишани со псевдоними и иницијали позадлабочено имаат работено и Александар Спасов, Блаже Ристовски, Блаже Конески, Ристо Поплазаров, Гане Тодоровски, Васил Тоциновски и Славчо Ковилоски, кој воедно е и автор на првиот македонски речник на псевдоними.

Голем број од македонските автори користеле псевдоними. Некои од нив се: Димитрија Миладинов (Единъ отечестволюбивъ), Крсте Мисирков (К. Пельскiй), Димитрија Чуповски (Посмртче), Коста Солев (Кочо Рацин, Невен Пејко), Цеко Стефанов Попиванов (Цеко Нови), Славко Јаневски (-ски) итн.[2]

Воени имиња

[уреди | уреди извор]

Noms de guerre (француска фраза која значи "воени имиња") биле чести во Француската легија на странците како дел од раскрстување со нивните претходни животи. Вакви имиња имале и членовите на Францускиот отпор во тек на Втората светска војна поради безбедносни причини. Овие имиња се честа појава и во герилата и меѓу терористите. Во тек на борбата против Британците во Палестина, командантот на организацијата Јицак Шамир (подоцна Премиер на Израел) го зел военото име "Мајкл", во чест на Ирецот Мајкл Колинс.

Библиографија

[уреди | уреди извор]
  • Славчо Ковилоски. „Речник на псевдонимите во македонската книжевност од XIX век“. Скопје: Современост, 2022, 175 стр. ISBN 978-608-4501-89-3
  1. Rubin, Harold Francis (1916-), Author Pseudonyms: R. Accessed 27 November 2009.
  2. Ковилоски, Славчо. „ДЕШИФРИРАЊЕ И КАТЕГОРИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНСКИТЕ КНИЖЕВНИ ПСЕВДОНИМИ“. Филолошки студии, 2022, бр. 1.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]