Гедик Ахмед-паша
Гедик Ахмед паша | |
---|---|
Голем везир на Османлиското Царство | |
На должноста 1474–1477 | |
Монарх | Мехмед II |
Претходник | Махмуд-паша Ангеловиќ |
Наследник | Караманли Мехмед-паша |
Лични податоци | |
Починал(а) | 18 ноември 1482 Одрин |
Националност | Отоманска |
Вероисповед | исламска |
Потекло | грчко или српско |
Воена служба | |
Припадност | Османлиско Царство |
Род | Османлиска војска Османлиска морнарица |
Чин | капудан-паша |
Битки/војни | Опсада на Родос (1480) Османлиска инвазија на Отранто |
Гедик Ахмед-паша (? - починал на 18 ноември 1482 во Одрин) — османлиски државник и голем везир на империјата во периодот од 1474 до 1477 година. Денеска не е познато неговото потекло, но според некои историчари имал грчко или српско потекло[1][2].
Гедик Ахмед-паша претходно бил командант на морнарицата во времето на Мехмед II и Бајазид II. Под негово водство во Анадолија бил покорен последниот румски бејлик Караманија. Исто така учествувал во војната со Венеција во 1475 година а бил испратен и да помогне на Кримското Ханство во нивната војна со Џенова, каде го покорил грчкото кнежевство Теодоро. По овој настан Кримското Ханство влегло во сферите на влијание на Османлиското Царство. Гедик учествувал и во нападите на италијанските острови, имал неуспешен напад на Родос во 1480 година. Во негово време биле убиени 800 христијани кои одбиле да го прифатат исламот.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Stavrides, Théoharis (August 2001). The Sultan of Vezirs: The Life and Times of the Ottoman Grand Vezir Mahmud Pasha Angeloviu (1453-1474) (Ottoman Empire and Its Heritage Series, Volume 24). Brill Academic Publishers, Inc. стр. 65. ISBN 90-04-12106-4.
- ↑ Heath W. Lowry (2003). The Nature of the Early Ottoman State. SUNY Press. стр. 116. ISBN 978-0-7914-8726-6. Посетено на 20 February 2013.
Политички функции | ||
---|---|---|
Претходник Махмуд-паша Ангеловиќ |
Голем везир на Османлиското Царство 1474–1477 |
Наследник Караманли Мехмед-паша |