Бакнеж[1][2], бацувка[3][4], целивка[5][6], целувка[7][8] — допирање на одреден предмет или личност со помош на усните. Бакнувањето е научено однесување, поврзано со додворувањето забележано меѓу животните. Бакнежот како појава е забележан и кај многу нечовечки примати.
Бакнежот обично се смета основен сексуален чин, при кој партнерите се допираат со усните. Најчесто и се допираат со јазиците при што се разменува плунка. Се смета дека бакнежот има најголем потенцијал при будењето на нагоните, бидејќи усните се чувствителна ерогена зона. Постојат и случаи во кои бакнежот не се остварува со помош на усните, како т.н. „ескимски бакнеж“ што се остварува со триење на носевите. Денес, општо прифатена норма е дека бакнежот означува љубов или привлечност.
Бакнежот како мотив во уметноста и во популарната култура
Кис (англиски: Kiss = бакнеж) — американска рок-група, основана во 1973 година.[10]
„Бакни ме црно“ (англиски: Kiss Me Black) — песна на австралиската рок-група Брдеј парти (The Birthday Party) од 1982 година.[11]
„Смртоносен бакнеж“ (англиски: Deadly Kiss) — песна на американската рок-група Kyuss од 1991 година.[12]
„Нахрани ме со твојот бакнеж“ (англиски: Feed Me With Your Kiss) - песна на британската рок-група Мај блади валентајн (My Bloody Valentine) од 1988 година.[13]
„Во Франција се бакнуваат на главната улица“ (англиски: In France They Kiss On Main Street) — песна на канадската поп-музичарка Џони Мичел (Joni Mitchell) од 1975 година.[14]
„Совршениот бакнеж“ (англиски: The Perfect Kiss) — песна на британската поп-рок група Њу ордер (New Order) од 1985 година.[15]