ФТСЕ 100
ФТСЕ 100 (англиски: FTSE 100) - берзански индекс на Лондонската берза (London Stock Exchnage), кој се пресметува во соработка со „Фајненшел тајмс“ (Financial Times).
Состав на индексот
уредиИндексот е составен од 100-те најголеми фирми кои котираат на берзата, а чија заедничка пазарна капитализација надминува 3 трилиони долари, т.е. над 50% од капитализацијата на целата берза. Секоја од фирмите има пондер кој се множи со вредноста на нејзините акции, а пондерот зависи од слободната капитализација на фирмата (вредноста на акциите кои се расположливи за слободна продажба).
Од 30-те најголеми фирми кои го сочинуваат ФТСЕ 100, дури шест се претставници на финансискиот сектор: „ХЦБЦ“, „Лојдс“, „Барклис“, Лондонската берза (сопственикот на Берзата), „Кралската банка на Шкотска“ и „Стандард чартерд“. Од нив, ХЦБЦ е втората најголема фирма која котира на берзата. Нафтените фирми „Шел“ и „Бритиш Петролеум“ се најголемата и третата најголема фирма на Лондонската берза, а тие заедно имаат капитализација од над 300 милијарди долари, т.е. над 10% од вредноста на целиот ФТСЕ индекс. Понатаму, од најголемите 30 фирми на берзата, четири се од областа на рударството: „РиоТинто“, „БХП“, „Гленкор“ и „АнглоАмерикан“ при што „БХП“ и „РиоТинто“ истовремено котираат и на Австралиската берза. Фармацевтските фирми „ГСК“ и „АстраЗемека“ се четвртата и петтата најголема фирма во индексот, а заедно вредат преку 200 милијарди долари, т.е. 15% од вредноста на индексот.[1]
Наводи
уреди- ↑ „disfold.com (пристапено на 18.1.2019)“. Архивирано од изворникот на 2020-11-28. Посетено на 2020-11-27.