Клубот во својата историја има одиграно вкупно 8 сезони во највисокото ниво на италијанскиот фудбал. Покрај повеќето различни титули освоени во пониските национални лиги, на меѓународната сцена Кремонезе може да се пофали и со освојувањето на Англо-италијанскиот куп 1992-1993.
Клупските бои се, сива и црвена, па оттука доаѓа и прекарот кои ги означува играчите од Кремона григиороси (григио на италијански значи сиво, а росо - црвено). Домашните натпревари Кремонезе ги игра на стадионот Џовани Ѕини, кој има капацитет од 20.641. За најголем ривал на клубот се смета екипата на Пјаченца.