Прејди на содржината

Мала чучурлига

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мала чучурлига
Научна класификација
Царство: Животни
Колено: Хордати
Класа: Птици
Ред: Врапчевидни
Семејство: Чучурлиги
Род: Calandrella
Вид: C. brachydactyla
Научен назив
Calandrella brachydactyla
(Leisler, 1814)

Малата чучурлига (Calandrella brachydactyla) е мала врапчевидна птица. Се размножува во јужна Европа, северозападна Африка, и низ умерениот појас на Азија од Турција и јужна Русија сè до Монголија. Оваа птица понекогаш ја мешаат со дебелоклуната чучурлига.[2][3] За време на преселбата тие формираат големи јата кои летаат синхронизирано, а понекогаш формираат и помали јата.

Малата чучурлига ја има и во Македонија.

Чучурлигите формираат поголема група. Оваа мала бледа чучурлига, е помала од другите чучурлиги. Има темни сивкасти линии горе, и бели долу, и има цврст шилест клун кој е розовкаст со сив завршеток. Малата чучурлига има бледа веѓа, темна шарки на двете страни од вратот и темна опашка. Некои птици во западниот регион имаат црвенкасто-кафеава круна. Половите се слични. Некои подвидови како longipennis се побледи од dukhunensis кој, исто така, има пократок клун.[2] Во зима тие летаат во големи и компактни јата кои летаат синхроизирано.[4] Потребно е многу внимание за да се разликува оваа чучурлига од другите слични на неа како чучурлигата Calandrella и Calandrella rufescens.

Малата чучурлига се размножува во Европа (Иберија, Франција, Италија, Балканскиот Полуостров и Романија) а зимува во Африка. Подвидот hungarica се размножува во јужните делови на Европа додека rubiginosa се размножува во северозападна Африка. Подвидовите hermonensis (понекогаш вклучувајќи го и woltersi) се размножуваат во Турција, Сирија и Египет. Подвидот artemisiana некои ја сметаат за иста со longipennis[5]) се размножува во Мала Азија а зимува во југозападна Азија. Подвидот longipennis се размножува во Украина, Монголија и Манџурија, а зимува во Јужна Азија, во посувиот дел од северозападна Индија, додека dukhunensis се размножува на Тибетската Висорамнина, а зимува најчесто во полуостровскиот дел на Индија.[4]

Песната им варира помеѓу суво црцорење и поразлична, имитирачка песна. Јатата во утринските часови често летаат заедно до нивните омилени места за да се напојат. Навечер јатата се собираат во купче во мали вдлабнатини во дрвата.[6]

Распространетост и живеалиште

[уреди | уреди извор]
Calandrella brachydactyla

Сите, освен некои од појужните популации се преселници, преселувајќи се во зимите јужно до јужниот крај на Сахара и Индија. Овие видови доста често лутаат до северна и западна Европа на пролет и есен.[7] Оваа популацијата се размножува во зима во Ибериска Пенсилванија, јужно од Сахара во Африка. Одат таму бидејкќи ја претпочитаат жетвата која расте таму и сувите пасишта со кратки грмушки додека сличната чучурлига calandrella rufescens ги претпочита посувите делови.[8]

Ова е една од видовите птици кои сакаат суви отворени места и култивација. Се гнезди на земја, и сенсува 2-3 јајца. Неговата исхрана се состои од семиња и инсекти, особено во сезоната за парење.

Во колонијална Индија, овие чучурлиги биле ловени за исхрана како и Emberiza hortulana.[4]

Малите чучурлиги посетуваат делови од Јужна Азија во големи јата за време на зимата и понекогаш се привлечени од областите со кратка трева покрај аеродромите и многу често се изложуваат на опасност од воздухопловството.[9]

  1. BirdLife International (2012). Calandrella brachydactyla. IUCN Red List. Version 2012.1. International Union for Conservation of Nature. Посетено на 16 July 2012.
  2. 2,0 2,1 Rasmussen, PC & JC Anderton (2005). Birds of South Asia: The Ripley Guide. 2. Smithsonian Institution & Lynx edicions. стр. 303.
  3. Vaurie, Charles (1951). „A study of Asiatic larks“. Bulletin of the AMNH. 97: 435–526. hdl:2246/952.
  4. 4,0 4,1 4,2 Whistler, Hugh (1949). Popular Handbook of Indian Birds. 4th edition. Gurney and Jackson, London. стр. 256.
  5. Dickinson, E.C. & R.W.R.J. Dekker (2001). „Systematic notes on Asian birds. 11. A preliminary review of the Alaudidae“ (PDF). Zool. Verh. Leiden. 335: 61–84. Архивирано од изворникот (PDF) на 2007-10-25. Посетено на 2013-04-16.
  6. Ali, S & S D Ripley (1986). Handbook of the birds of India and Pakistan. 5 (2. изд.). Oxford University Press. стр. 19–22.
  7. Tomek, T., & Bocheński, Z. (2005). „Weichselian and Holocene bird remains from Komarowa Cave, Central Poland“ (PDF). Acta zoologica cracoviensia. 48A (1–2): 43–65. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-07-27. Посетено на 2013-04-16.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  8. Suarez, Francisco; Vincente Garza & Manuel B Morales (2002). „Habitat use of two sibling species, the Short-toed Calandrella brachydactyla and the Lesser Short-toed C. rufescens Larks in mainland Spain“ (PDF). Ardeola. 49 (2): 259–272.CS1-одржување: повеќе имиња: список на автори (link)
  9. Mahesh, SS (2009). „Management of Greater Short-toed Larks Calandrella brachydactyla in Indian aerodromes“. Indian Birds. 5 (1): 2–6.

Литература

[уреди | уреди извор]