Зеланд
Зеланд | |||
---|---|---|---|
Покраина во Холандија | |||
Гесло: Luctor et Emergo Се борам и изникнувам | |||
Химна: "Zeeuws volkslied" "Зеландска химна" | |||
Местоположба во Холандија | |||
Координати: 51°34′N 3°45′E / 51.567° СГШ; 3.750° ИГД | |||
Држава | Холандија | ||
Гл. град | Миделбург | ||
Управа | |||
• Комисионер на кралот | Хан Полман | ||
Површина | |||
• Вкупна | 2,934 км2 (1,133 ми2) | ||
• Земјишна | 1,788 км2 (0,690 ми2) | ||
• Вода | 1,146 км2 (0,442 ми2) | ||
Ранг | 8 | ||
Население (2006) | |||
• Вкупно | 380,186 | ||
• Ранг | 12 | ||
• Густина | 130/км2 (340/ми2) | ||
• Ранг | 11 | ||
Час. појас | CET (UTC+1) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
ISO 3166 | NL-ZE | ||
Мреж. место | zeeland.nl |
Зеланд (холандски: Zeeland, зеландски: Zeêland) — покраина во Холандија. Зеланд е најзападната покраина во Холандија, која се наоѓа во југозападниот дел на државата. Покраината е составена од поголем број острови во близина на Белгија. Главен град на покраината е Миделбург. Зеланд има вкупно население од околу 380.000 жители, и вкупна површина од 2,930 км2, од кои 1,140 км2 се вода.
Зеланд на холандски значи „морска земја“, односно името се однесува на местоположбата и самата географска структура на покраината. Поголем дел од Зеланд е под надморска височина. Последната голема поплава во регионот била во 1953. Главна стопанска гранка во покраината е туризмот. Океанската држава Нов Зеланд е именувана по оваа покраина.
Географија
[уреди | уреди извор]Покраината Зеланд е голема речна делта на неколку реки, меѓу кои Шелда, Рајна и Меза. Поголем дел од покраината е под надморската височина и дел од копното било повратено со тек на времето (водата се повлекувала, приридно или вештачки). Луѓето граделе вештачки брда, кои со тек на времето станувале суви острови.
Општини
[уреди | уреди извор]- Борселе
- Гус
- Капеле
- Миделбург
- Норд-Бевеланд
- Рајмерсвал
- Слаус
- Схаувен-Дауфеланд
- Тернеузен
- Толен
- Фере
- Флисинген
- Хулст
Демографија
[уреди | уреди извор]Покраината има население од 380.186 жители и густина на население од 210 жители на километар квадратен. Таа е 12 најголема покраина во државата по население и 11 најнаселена во Холандија
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Зеланд на Ризницата ?
- Службена страница на Зеланд
- Туристичко биро на Зеланд
- Зеланд на Википатување (англиски)
Оваа статија Холандија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|
|