Прејди на содржината

Етногенеза на македонскиот народ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Еден од симболите на македонскиот народ - ѕвездата (сонцето) од Кутлеш. Македонски национален симбол и денес и во антиката. Знаме на Македонија до 1995.
Еден од симболите на македонскиот народ - Златниот лав, симбол на средновековна Македонија, и на Илинденската епопеја.

Етногенезата на македонскиот народ е процесот на создавањето на денешниот лик на македонскиот народ кој се одвивал подолго време во историјата. Етногенезата на македонскиот народ започнува неколку века подонца од доаѓањето на Словените во Македонија во V и VI век. Таа се совпаѓа со периодот на настанокот на македонскиот народ во X и XI век.[1] За етногенезата на денешниот македонски народ постојат повеќе тези и претпоставки.

Официјална теза

Најприфатена и воедно научно потврдена од повеќе историчари и истражувачи (македонски) е тезата дека денешниот македонски народ е создаден преку етногенетски процес на мешање помеѓу македонските словенски племиња (Склавини) и староседелското население на регионот Македонија, како што се Тракијците, Илирите, Старите Грци, античките Македонци, и др.[2]. Друга позната теза што е обично прокламирана од славистите е дека денешниот македонски народ има „чист словенски карактер“ односно словенска етногенеза. Постојат и тези според кои денешниот македонски народ е потомок на Античките Македонци кој си ги задржал своите традиции и етнички црти, а Словените му го наметнале својот јазик, но сепак овие тези не се научно потврдени и се одликуваат како „национал-романтичарски тези“.

... Македонската нација, која израснува од овој „етнографски материјал“, не настанала од вакуум, туку своите корени ги влече длабоко во историјата на оние словенски племиња, кои кон крајот на VI и почетокот на VII век од нашата ера ги населиле просторите на денешна Македонија, односно просторите на некогашната татковина на Филип II и Александар Македонски[2]

Драган Ташковски, За Македонската нација“, 1976

Во историјата на македонскиот народ несомнено важна улога имал словенскиот карактер на основниот етник, но не може и не треба да се превиди ни значењето на античките Македонци што посредно му дадоа на овој народ територија, име и крв[3]

Блаже Ристовски, „Македонскиот народ и Македонската нација“, 1983

Неофицијални современи тенденции

Македонците се автохтоно население кое и покрај етногенетскиот процес на мешање со други народи, сепак има задржано многу црти од своите антички предци. Според некои македонски историчари, особено од Драган Ташковски и Александар Донски, се искажува тврдењето дека денешниот македонски народ е создаден преку етногенетски процес на мешање меѓу македонските словенски племиња и античките Македонци кој траел доста долго, а започнал со доаѓањето на Словените на Балканот во V и VI век. Ова тврдење е докажано и со низа ентнолошоки, културолошки (фолклористички), антрополошки и генетски истражувања кои сведочат за автохтоноста на Македонците [1] . . Димитар Македонски бил првиот Македонец кој уште во 1871 година (16.2.1871) во својата статија весникот „Македонија“ по повод Македонското прашање запишал: „не зинала земјата па да ги голтне старите (античките) Македонци, ами тие се влеале во масата на овој народ (денешните Македонци)“. Оваа негова изјава се смета за прва изјава за етногенетскиот процес на мешање на Македонските Словени и Античките Македонци со кој е создаден современиот македонски народ. Некои историчари сметаат дека сомнително е и самото тврдење дека Македонците се словенски народ, бидејќи, како што велат тие, за тоа нема археолошки докази.

Со најновите откритија на академикот Томе Бошевски и професорот на ЕТФ Скопје д-р. Аристотел Тентов за јазикот на Каменот на Розета, односно „античко-македонскиот“ јазик на птолемаидите (македонска кралска династија која владеела со Египет) запишан на каменот, уште повеќе се потврдува тезата за античко-македонскиот елемент во ликот на денешните Македонци. Јазикот, кој е откриен според сите светски декодирачки методи за древни јазици, покажува неверојатно голема сличност со денешниот македонски јазик и со останатите словенски јазици.

Потврдени античко-македонски обележја и остатоци во современиот македонски народ денес може да се сретнат во народните носии (мијачката и женската реканска носија), празници (празникот Летник на 1 март кој се слави во Пустец и селата во југозападна Македонија), обичаи, верувања, зборови и начини на формирање реченици, множина и суперлативи во современиот македонски јазик, форми и корени на лични имиња и презимиња, народни преданија, песни итн.

Славата на Античките Македонци одигралa и голема улога во националната преродба на македонскиот народ во текот на XIX и XX век. Тие биле сметани за „најстари Словени на Балканот“. Сметајќи се за нивни директни потомци, Македонците што живееле во тие времиња сакале да ја искажат својата национална посебност од Бугарите и Србите чии завојувачки пропаганди постојано ги инструирале Македонците.

Иако денешниот македонски народ има главно словенски лик и одлики сепак несопрен е фактот дека денешните Македонци носат некои обележја од античките Македонци пред сè на генетски, антрополошко - етнолошки, културно - фолклорен план.

Тезата за Словенската етногенеза на македонскиот народ

Од повеќе слависти се прокламира тезата дека денешниот македонски народ има „чист словенски карактер“ и дека неговата етногенеза е составена исклучиво од Македонските словенски племиња. Иако денешниот македонски народ има главно словенски јазик, облелжја и култура сепак антрополошките, генетските и етнолошките проучувања покажуваат дека денешните Македонци антрополошки во потполност не припаѓаат на словенската група на народи (како на пример Русите, Украинците и други народи кои антрополошки се дел од словенската група на народи). Сепак непобитен е фактот дека Македонските Словени се неизбежен дел и имаат најголемо учество во етногенезата на денешниот македонски народ. Словените (склавини)според некои наоди биле високи луѓе со кадрава црвена или руса коса и сини очи,биле многудетни, живееле во племенски заедници, и сето тоа придонело да го одржат низ вековите својот национален бит. Античките Македонци пак биле стројни и високи, воглавно со кафени очи и светол тен, но овие податоци може да содржат елементи на преовеличување, заради воените успеси на Античките Македонци. Во денешниот македонски народ доминираат кафените очи и просечниот раст. Постојат верувања дека стројноста на Античките Македонци е минимизирана заради тоа што истата се препишува на воената каста на Античкиот Македонец, која тотално е уништена во 2 век п.н.е. од страна на римската империја.

Обединувачка теорија

Постои уште и „обединувачка теорија“ која нема сѐ уште сериозни докази, но нема ниту сериозна противтеза, а тоа е дека словенските племиња се всушност остатоци од освојувачките војски на Александар Македонски, кои после 8 века боравење во порано освоените територии во еден историски момент решиле да се вратат кон земјата на потекло - Македонија.

Стари теории

Обединувачката теорија има свое објаснување во историјата изучувана пред 17 век (пред појавата на Филхеленизмот). Имено, до 17 век, се сметало дека постојат Стари Словени, наречени Анти, и Новодојдени Словени кои дошле во 6 век. Оваа стара теорија неверојатно прецизно ги објаснува зборовите Антика и Словен. Антика е всушност времето на боравок на Антите на балканот, односно времето на Античките Македонци. Словен означува „Разбирлив човек“ - „Оној кој го знае Словото (Говорот)“, па дојденците и старите се разбирале и меѓусебе се нарекувале Словени. Спротивно на тоа, од Антите е земен и називот на Грците (Грк - кој Грчи - Неразбирлив).

Извори

  1. Според книгата „Македонија и Македонската нација“ од Д-р Блаже Ристовски во издание на Детска Радост, 1995 година
  2. 2,0 2,1 Ташковски, Драган (1976). За Македонската нација. Скопје: Наша Книга. стр. 63.
  3. Ристовски, Блаже (1983). Македонскиот народ и македонската нација. Скопје: Мисла. стр. 32.

Поврзано

Надворешни врски

- Напис за етногенезата на македонскиот народ на блогот за македонска историја Архивирано на 16 февруари 2007 г.