Zdravko
Следејќи го примерот на Б. Травен, иако во многу поблага верзија, ќе оставам за мене да зборуваат не моите биографски податоци, туку некои ставови кои посебно ми се блиски и особено ме инспирирале:
- Карл Маркс: „Ако конструирањето на иднината и давањето конечни решенија за сите времиња не е наша работа, тогаш уште појасно е што треба да направиме во сегашноста: мислам на безобѕирна критика на сè постоечко, безобѕирна во таа смисла, што критиката нема да се плаши од своите резултати и исто толку малку ќе се плаши од судирот со постоечките сили.“ [1]
- „Забрането е да се забранува!“ - една од паролите од бунтовната 1968
- Светозар Стојановиќ: треба да се признава само авторитетот на вистината, а не вистината на авторитетот.
- Теренциј: „Човек сум и ништо човечко не ми е туѓо.“
- Ерих Фром: „Само оној што не може да создава сака да уништува.“
- Една песна од Француската револуција: „Големите ни изгледаат големи, бидејќи ние сме на колена. Да станеме!“
- Рациновото „Ќе победиме!“ и “Venceremos” на Че Гевара
- „Печал“ на Рацин